Жанета Гелева Вељановска

Жанета Вељановска Гелевска- Жани (р. 1966, Куманово) е македонска уметница која живее и работи како самостоен автор помеѓу Скопје и Лондон, Велика Британија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и се преселила во Англија по самостојната изложба во престижната Blains Fine Art Gallery во Лондон (1999). Член е на ДЛУМ од 1989 година.

Жани е препознатлива по нејзината уникатна техника, постигната со комбинирање на акрил и мешани медиуми и низа невообичаени материјали, кои им даваат моќна експресивност и спонтаност на сликите. Нејзиното творештво, инспирирано од секојдневниот живот, ги истражува односите меѓу јавниот и приватниот простор.

Има реализирано бројни изложби во повеќе од 15 земји низ светот, а нејзини дела се постојано изложени во Амбасадата на Република Македонија во Лондон. Добитник е на повеќе признанија, вклучувајќи ја и наградата „Петар Мазев“ (1994).