Константин Качев (р. 1967, Ташкент) е македонски сликар и конзерватор. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1995), на одделот за сликарство, конзервација и реставрација.
Неговото творештво е препознатливо по длабоката концептуалност и техничка прецизност. Долги години работел како конзерватор на фрески во Институтот за заштита на културното наследство, искуство кое го обликувало неговиот однос кон визуелната уметност.
Од 1999 година целосно се посветува на своето студио. Качев има реализирано бројни изложби низ светот, вклучувајќи ги Париз, Берлин, Москва и Њујорк, а меѓу неговите најголеми признанија е златниот медал на „Art en Capital“ во Париз. Живее и работи во Скопје.


