Галерија ГРАЛ е фирма основана во Скопје во 1991 година како галерија-антикварница за промет со уметнички дела и антиквитети. Oд 2008 година ГРАЛ настапува со продажна галерија и свој изложбен простор во центарот на Скопје. Во изминатите 12 години Галерија ГРАЛ се посвети на изложување и негување на сликарскиот медиум како релевантна форма на израз, истражувањето на просторите и дискусиите кои ги отвара сликарството и на следењето на неговиот развој во македонскиот контекст. Галеријата соработува со некои најзначајните модерни и современи уметници во земјата, стремејќи се притоа кон остварување на блиски соработки и поддршка на младите уметници.
Во 2006-та година, Галерија ГРАЛ беше главен организатор и координатор во процесот на изведбата на двата мозаични фриза на Глигор Чемерски ,,Македонија топла земја’’ и ,,Земјата памети’’ во Претседателската резиденција на Р. С. Македонија- Вила Водно. Галеријата ГРАЛ оствари блиска соработка со авторот и беше организатор на некои од неговите најважни интернационални претставувања. Галеријата има организирано повеќе проекти, изложби и соработки во земјата и во странство, меѓу кои се издвојуваат:
1998 Gligor Chemerski, Х Building, седиштето на Светска Банка во Вашингтон, САД;
2000 Gligor Chemerski, Музејот на уметност во Фејетвил, Северна Каролина, САД;
2005 Gligor Cemerski and His No Boundaries Friends, галерија Сизл (ко-организатор) Карборо, Северна Каролина, САД;
2007 Отварање на изложбениот простор на ГРАЛ галерија со групна изложба на уметниците Петар Мазев, Глигор Чемерски, Илија Пенушлиски, Мирослав Масин, Весна Бајалска, Филип Буловиќ и Рубенс Корубин ;
2008 Низ сводовите на среќата, изложба на слики на Жанета Гелевска Вељановска, галерија ГРАЛ ;
2008 Драма на постоењето, изложба на Клод Дервен. Мала станица (ко-организатор заедно со Францускиот центар) а потоа и во галерија ГРАЛ;
2011 Изложба на слики на Емил Шулајковски и Роберт Цветковски, галерија ГРАЛ;
2013 ГРАЛ ГАЛЕРИЈА И НЕЈЗИНИТЕ СЛИКАРИ – традиционална предновогодишна групна изложба со сликарите кој изложуваат во галерија ГРАЛ.
2013 – 2016 Настани и знаци на земјата Македонска, Изложба по повод прогласувањето на академик Чемерски за почесен член на Руската академија на уметности. Изложбата беше поставена во галеријата на Руската Академија на Уметности во Москва, Русија 12/ 13 – 01/ 14; во МАНУ и во Бугарската Академија на Науките во Софија, Бугарија во 2015, како и посмртно во Галеријата на САНУ во Белград, Србија, 2016 година.
2018 Restart, генерациски пресек на македонското современо сликарство, МКЦ;
2019 My Favorite Things, изложба на слики и цртежи на Менсур Бојда (Ryota Satо, куратор).
2021 Иконографија на ритуалот: Пливање во лепливото езеро, колаборативен проект помеѓу визуелните уметници Елена Чемерска, Ивана Мирчевска и Филип Велковски изложба на слики, цртежи и скулптури, МКЦ.
2022 My Favorite Things, изложба на графики и принтови на Менсур Бојда (продолжение на изложбата од 2019 година после представувањето во Јапонија)
2022 Феникс, прва самостојна изложба на слики на Стефани Хаџи Николова