Saint George Kills the Dragon

74.400ден

За Уметникот

Глигор Чемерски (1940–2016) е еден од најистакнатите и најпролифични македонски модерни уметници- сликар, мозаичар и графичар, и автор на бројни монументални остварувања. Неговата целокупна ликовна поетика е во знакот на автохтон експресионизам, егзистенцијален немир и ерудиција во полето на историјата на културата.

Образован во Белград и специјализиран во Париз, тој одржуваше редовно присуство во француската престолнина и имаше долгогодишна афилијација со престижната Galerie du Fleuve.

Неговите монументални остварувања го цементираа неговиот статус во југословенската уметност, а меѓу нив се издвојуваат масивните мозаичните фризови од 320 м² на Споменикот на Слободата во Кочани, но и монументалните остварувања во Скопје, Вруток, Кавадарци и Маврово, како и големиот мозаичен диптих во Претседателската палата на Република Северна Македонија- Вила Водно.

Неговиот опус е застапен во многубројни престижни меѓународни колекции, вклучувајќи ги Ватиканскиот музеј, Галеријата на Светската банка (Вашингтон, Д.К.) Музејот на современа уметност во Белград итн. Тој беше член на МАНУ, и почесен член на Руската академија на уметностите. За својот придонес во уметноста, добитник на бројни национални и меѓународни награди.