Рубенс Корубин е роден во Прилеп 1949 година. Во 1974 дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Постдипломските студии ги завршува во класата на проф. Младен Србиновиќ во 1976 година. Од 1977 до 1979 година остварува студиски престој во Париз на L’Ecole des Beaux Arts кај проф. Јанкел. Рубенс Корубин живее и работи во Скопје и е редовен професор на факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија. Има учествувано на многубројни изложби во Македонија и во странство и има реализирано повеќе од десет самостојни проекти во Скопје, Белград, Париз итн.
