Иван Велков

Иван Велков (22 април 1930 во Врање — 26 мај 2008 во Скопје) е македонски сликар и универзитетски професор. Неговиот опус, кој се движи во рамките на фигурацијата, енформелот и геометриската апстракција, е особено значаен за развојот на македонското сликарство во 1960-тите години. 

Дипломирал во 1953 година, а во 1955 година магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Во 1960 година бил на специјализација во Париз. Бил професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и член на групата „Мугри“.

Почнувајќи од 1955 година, се преставил на бројни самостојни и групни изложби во Скопје, Мексико, Дижон, Риека, Рим, Торино, Нирнберг, Штутгарт, Белград, Болцано, Ферара и тн.