Грал со нова веб страница

14.01.2026

1–2 minutes

Галерија ГРАЛ го најавува лансирањето на својот нов официјален веб-сајт – современа дигитална платформа креирана со цел да ѝ понуди на публиката полесен пристап до уметноста, подлабоко разбирање на уметничките дела и поблиска комуникација со галеријата и уметниците.

Новиот веб-сајт е резултат на процес на јакнење на дигиталните и комуникациските капацитети на Галерија ГРАЛ, реализиран во рамки на проектот „Поддршка за обука на работното место и градење на капацитетите на организациите и професионалците во областа на културата и уметноста“. Проектот е поддржан преку програмата „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, а се имплементира од ХАРТЕФАКТ Фонд. Активностите се спроведуваа во периодот од 17 ноември до 16 декември 2025 година во Скопје.

Во фокусот на дигиталната трансформација беше токму публиката – нејзините навики, интереси и потреби. Преку ангажман на ИТ експерт и креатор на содржини, Галерија ГРАЛ го модернизираше начинот на презентација на уметничките дела, воведе автоматизиран дигитален инвентар и разви функционална е-трговија базирана на едукативен „storytelling“, овозможувајќи им на посетителите да ја доживеат уметноста и надвор од физичкиот галериски простор.

Новиот веб-сајт им овозможува на посетителите подобро да се информираат, да ги следат програмите и уметниците на галеријата, како и директно да комуницираат и да поддржат современа уметност. 

Oваа дигитална платформа е посветена на публиката на Галерија ГРАЛ – создавајќи отворен, достапен и динамичен простор за дијалог, учење и уживање во уметноста.

За повеќе информации:

Галерија ГРАЛ

gral.gallery@gmail.com

Истражете ја целата колекција на дела од овој артист во Грал и пронајдете репродукции, постери и оригинали што ќе внесат уметност во вашиот простор.

“The purpose of art is
washing the dust of
daily life off our souls.”
-PABLO PICASO